Одговорно, на време, првиот пат и секој пат

Ексклузивни застапништва

Геопром

Геопром е вашиот партнер за дистрибуција на вашите производи. Со голем дистрибутивен капацитет и квалитет на услугите, Геопром е добро препознатлив на македонскиот пазар за дистрибуција на производи за широка потрошувачка, додатоци во исхраната и козметички производи. 

Со редовно планирање на залихите, продажба и маркетинг, Геопром нуди дистрибуција на вашите производи во сите големи и помали маркети, веледрогерии, магацини на големо и аптеки.

Geopharm

Основан во 1992 година, нашиот бренд Geopharm е доверливо име во индустријата за додатоци во исхраната повеќе од три децении.

Од скромните почетоци, прераснавме во лидер во здравјето и благосостојбата, комбинирајќи ја традицијата со иновацијата за да испорачаме додатоци во исхраната со врвен квалитет.

Вкоренети во нашата посветеност на извонредноста, ние внимателно изработуваме производи кои поддржуваат поздрав, поживописен начин на живот, заработувајќи ја довербата на безброј клиенти ширум светот.

Krüger

Во 1970 година во Бершки Гладбах, Германија, Вилиберт Кругер ги поставува темелите на компанијата Krüger (Кругер), која денес е присутна во целиот свет, брои над 5700 вработени и има 7 различни производни линии.

На македонскиот пазар се добро препознатливи по Krüger шумливите таблети, Krüger таблетни засладувачи, неодоливото Krüger Чај Лате и Krüger Магнезиум кесички за директна употреба.

Bübchen

Bübchen брендот е основан во 1947 година во Соест, Германија. Оттогаш милиони родители им веруваат на Bübchen производите – за најчувствителната кожа на светот.

Bübchen (Бубхен) произведува производи за нега на чувствителната бебешка и детска коса и кожа кои се произведени според строгите германските барања и прописи – а тоа е она што го сакаат и бараат многу родители.

Bübchen нуди производи со највисок квалитет, кои не се тестираат на животни.

Möller's

Möller’s е еден од најстарите норвешки брендови во светот со историја и традиција од 1854 година.

Основан од страна на фармацевтот Питер Молер, Möller’s е број 1 бренд во нордиските земји за производство на додатоци во исхраната базирани на омега-3, производи со највисок квалитет и чистота потврдени со голем број сертификати за безбедност или индустриски стандарди.

Производите на Möller’s не само што ги исполнуваат овие стандарди туку и ги надминуваат во многу случаи.

Имате прашања?

Доколу имате дополнително прашање, слободно контактирајте не!